“Smack My Bitch Up”: Приказната за најозлогласниот спот на 90-тите

„Го видовме видеото и ни се чинеше забавно. За нас тоа беше како добра комедија”, се смее Јонас Акерлунд, сеќавајќи се на медиумската бура, која ја предизвика едно видео во 1997 година – Smack My Bitch Up на Prodigy.

618x345 (1)

Акерлунд (режисерот на спотот) бил тапанар на шведската метал група Bathory во периодот 1983-84 година. Тој е човекот кој стои и зад некои од клиповите на Бијонсе. Сепак, неговото име ќе остане во историјата токму со хитот на Prodigy од средината на 90-тите. Дури и денес, Акерлунд не е многу сигурен на што се должат сите тие негодувања околу видеото.

„Можеби е така бидејќи сум Швеѓанец“, се смее тој.

„Не гледав ништо скандалозно или спорно околу спотот, но сега разбирам, особено откако живеам во Америка. Кога се враќам во Шведска и гледам гол човек на телевизија, се шокирам. Потоа сфаќам дека премногу долго сум живеел во САД “, вели режисерот, кревајќи ги рамениците.

Ова е неговиот прв клип, а во тоа време Prodigy се навистина популарни.

618x345

„Бев многу нервозен, не можев да разработам идеја за видеото”, признава Акерлунд.

Една вечер сепак тој излегол со свој пријател во Копенхаген. Поминале тешка, бурна и луда ноќ, по која што Јонас се разбудил мамурен во својата хотелска соба. Единственото на кое што се сеќавал било како тропа на вратата на тоалетот, додека некој бил заглавен внатре. Неговиот пријател потоа му раскажал што правеле во баровите, авантурите по стриптиз клубовите, итн.

Акерлунд решава да направи спот, инспириран од оваа луда вечер, а потоа им го објаснува на Prodigy она што го смислил. Тие пак му одговараат дека не може да ги има сите овие работи во видеото. На крајот многу од кадрите што ги смислил не влегуваат во финалното видео. Во еден од нив главната хероина во видеото крши шише од главата на друго девојче. Во оние времиња на недостаток на интернет, Акерлунд им испратил видео касета со спотот на Prodigy, а нивниот менаџер му вратил факс во кој му кажал да се повлече од изработка на видеото. Акерлунд помислил: Тоа беа моите 3 секунди слава. И сепак не престанал да работи и да го средува спотот, бидејќи нему му се допаѓала идејата.

Му ја испратил финалната варијанта на Лиам од Prodigy со кратка белешка која гласи:

„Еве што се обидував да направам“.

Месец подоцна сосема случајно девојката на Лиам ја пуштила видео касетата, па Лиам му се јавил на Акерлунд со зборовите:

„Го променивме мислењето.Ептен ни се допаѓа!”

618x346

Следниот ден Prodigy имаат концерт, го пуштаат видеото и прават револуција во музичките спотови. Јонас уште не сфаќа дека режирал едно од најконтроверзните видеа во историјата на музиката. Моралистите од двете страни на океанот се силно навредени. Тогаш Швеѓанецот почнува да сфаќа што му се случува. Во Англија се лути поради насилството, а во Америка – поради голотијата. На Островот феминистките го мразат клипот, во САД го обожаваат.

Јонас веќе има доста успешна кариера зад себе, но признава дека придонесот на “Smack My Bitch Up” кон ова е огромен.

„Ако знаев дека така ќе успеам, одамна ќе го направев тоа. Малку гради и задници? – Не е тешко “, се шегува тој.

Откако ја слушнавте целата приказна, ве потсетуваме на спотот.

- Реклама -