Седнале Македонски Телеком со своите технолошки капацитети, Фестивалот “Охридско лето” и еден од најиновативните музички композитори во земјава – Џијан Емин, и решиле да го преточат Охридското Езеро и неговите длабочини во мелодија која ќе ги помилува ушите на граѓаните.
Се работи за проектот „Гласот на Охридското Езеро“, кој има за цел да ги потсети луѓето на убавините на Охрид и Охридското Езеро и да влее порив за нивно зачувување.
(линкот е по видеото)
Проектот вклучува сложен компјутерски алгоритам кој „се храни” со активни податоци и варијабли директно врзани со Охридското Езеро (временски услови, период од денот, длабочина, жив свет, надворешни фактори и друго), а потоа ги „преведува“ во звучни мостри компонирани од Џијан Емин. За половина месец, откако постои, сајтот веќе има половина милион посети.
Слушнете на следниов ЛИНК. ps. Не пропуштајте да ја чуете површината, но и длабочините, со кликање на копчињата „НУРНИ ВО ДЛАБОЧИНАТА“ и „ВРАТИ СЕ НА ПОВРШИНАТА“, соодветно.
Извор: Радио МОФ