Секако, хард-дисковите од различни производители имаат различен век на траење. Уште една потврда за ова ни пристигна од Backblaze, компанија која овозможува онлајн бекап сервис, а за таа намена користи околу 25.000 единици од овој тип хардвер. При работата, компанијата дошла до мошне интересни сознанија и информации за нивниот квалитет.
Backblaze располага со единици од неколку производители, меѓу кои Seagate, Hitachi и Western Digital се најиздржливите конкуренти, додека Toshiba и Samsung не се земени во предвид бидејќи конпанијата ги нема во доволен број за да извлече веродостојни резултати. Секоја од овие марки е избрана според основниот принцип на компанијата – најефтини хард-дискови со најдобри перформанси (утврдени преку разни стрес-тестови и неколкунеделна продукција).
Анализата е извршена преку мерење на издржливоста на драјвовите, извлечена од годишната стапка на откажување – бројот на дефекти на драјвот при едногодишна работа. Еве ги резултатите:
Периодот од 3 години работа го преживеале 96.9 проценти од дисковите на Hitachi, 94.8 од дисковите на Western Digital и „само“ 73.5 проценти од драјвовите на Seagate.
Општо земено, најголем дел од хард-дисковите преживеале барем 3 години. Сепак, судејќи според табелата, мудро би било да изберете Hitachi, освен ако не наидете на доволно препораки за одреден модел од друг производител.
Инаку, во анализата на Backblaze, во однос на моделот, најиздржлив е Hitachi GST Deskstar (7K2000, 5K3000, and 7K3000) со најмала стапка на откажување од 0.9-1.1 проценти, додека Seagate Barracuda Green е далеку најлош, со годишна стапка од дури 120 проценти. Останатите модели на Seagate, општо, откажуваат со стапка од 3.8 до 25.4 проценти.