Иновативноста е комбинација на мозокот и алатот. Што повеќе го користите мозокот помалку ќе ви требаат материјали, рекол Чарлс Кетеринг, бизнисмен и сопственик на 186 патенти.
Некои производи што настанале сосема случајно им донеле милијарди долари заработувачка на пронаоѓачите, па многумина жалат што први не ги измислиле.
Така, познатиот дизајнер на чевли Кристијан Лубутин рекол дека жали што не ги измислил познатите „јапонки“.
„Обожавам јапонки, тие се единствените обувки што би сакал јас да ги измислев“, рекол Лубутин.
Корнфлекс: произведен во 1984 година. Овој популарен појадок во првата година од продажбата донел заработувачка од 2,8 милијарди долари само во САД. Денес, компанијата „Келоџис“ е главен произведувач на миксот од житарки во 18 држави и дистрибутер во 180 држави.
Стикер: патентиран во 1974 година. По една година во продажба донел два милиони долари.Лани заработувачката надминала една милијарда. Се продава во 100 држави.
Фризби: настанато уште во 1937 година. Фризбито е пронајдено сосема случајно кога група англиски студенти играле подавање со тепсија која потсетувала на диск. Во 1970 година основачот заработил половина милион долари. Лани се продадени дури 300 милиони примероци.
Гумени влечки: произведени во 2002 година. За шест години му донеле на произведувачот 900 милиони долари. Во 2011 година заработувачката надминала милијарда. Лани биле продадени 200 милиони чифтови во 90 држави во светот.
Кина е рекордер по патенти. До крајот на 2012 година на десет илјади жители има 3,23 патенти.