Автомобил Мерцедес влета во главната сала на хотелот „Трамп Плаза“ во предградие во Њујорк, јавија американските медуми. Наведувајќи дека во настанот има лесно повредени од кои двајца случајни минувачи и возачот.
Во таа луксузна станбена зграда во Њу Рошел, американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство немаат престој, но тие го поседуваат, пренесува Ројтерс.
Локалната мрежа АБЦ објави дека возачот излетал од неговиот мерцедес и седнал на софата во главната сала по несреќата.
Немаше ништо сомнително за упадот, изјави полицијата на Њу Рошел пред локалните медиуми.
Агент кој е задолжен за имотот на Трамп не беше достапен за коментар, иако тој испрати е-пошта до АБЦ за да се заблагодари на полицијата за нивниот брз одговор.