Slow Food Салон 2024- Ние сме заедница

„Ние сме заедница“ е мотото на третиот Slow Food Салон што ќе се одржи на 9 ноември, во хoтел Лимак, Скопје.

„На настанот ќе биде целата мрежа на Слоу Фуд: производителите, активистите, готвачите, младите, експертите, волонтерите, едукатирите…., ние што го носиме знакот на полжавчето и така размислуваме, ќе има шаренило од бои, вкусови, насмевки и енергии а локалните производи се на пиедестал: не поради носталгијата туку поради тоа што ни се идентитетот и културата. Да, ние сме заедница. Со заедничка мисија: нашето да го спасиме од забревтаната технологија, глобализираната трговија со храна и предизвиците на новото време, меѓусебно сплотени и поврзани го градиме локалниот систем на храна, обезбедувајќи- наша храна, а тоа е целта на секој член на Слоу Фуд Македонија“ велат организаторите.
Slow Food Салон е уникатен и единствен поради многу нешта и опфаќа повеќе сегменти:
1. Изложба и голем пазар на храна од мали производители
2. Салон на семејни винарии, дестилерии и занаетчиски пивари
3. Конференции посветени на малите производители и едукацијата во Слоу Фуд
4. Семинар за новите иницијативи на Слоу Фуд
5. Мастер класови и работилници за вкус
6. Катче за едукација за деца

Slow Food салон 2024 ќе се организира со финансиска поддршка на шведската организација We Effect и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

- Реклама -