Ситуацијата со недостатокот од квалификувана работна сила во Словенија се влошува и е полоша од ситуацијата пред кpизaта од 2008 година.
Минатите шест месеци речиси 50% од работодавачите се соочиле со недостаток од работници, пренесува словенечката агенција STA. Од нив, 70% се големи компании.
Според податоците од Агенцијата за вработување, во Словенија недостатокот на работници е најизразен во угостителството, (69%), градежништвото (62%), социјалната и здравствена заштита (62%) и преработувачката индустрија (56%).
Со цел да ја ублажат ситуацијата, словенечките работодавачи веќе некое време вработуваат странци, но и работниците од поранешните југословенски републики ги има сè помалку. Затоа словенечките организации на работодавачите бараат и очекуваат од владата да ги забрза мерките за решавање на проблемот и да осмисли стратегија за промовирање на економската миграција. Според Јоже Смоле – генерален секретар на Здружението на работодавачи на Словенија (ZDS), вработувањето на странски работници е еден од клучните начини за решавање на ова прашање.
Поголемиот дел од странската работна сила во Словенија доаѓа од поранешните југословенски републики. Лани најмногу издадени дозволи има за граѓаните на БиХ – 16.596, потоа Хрватска – 1.281 и Србија – 140.