Словенците по секоја цена сакаат да го спречат тимот на Меккејлеб

Кошаркарот на Фенербахче, Ромајн Сато, инаку соиграч на Лестер Бо Меккејлеб, е приведен од словенечката полиција на граничниот премин за влез во земјата поради сомневање дека неговиот пасош е лажен.

Поради тоа не му беше дозволено да влезе во земјата и вечерва да настапи за својот тим на дуелот против Олимпија во рамките на Евролигата.

Раководството на Фенербахче реагираше бурно истакнувајќи дека пред само еден месец Ромајн Сато кој има пасош од Централноафриканската Република, бил во Италија и немал никакви проблеми на граничниот премин. Челниците на турскиот клуб се уверени дека ова е испланирана завера за Сато да не може да настапи за Фенербахче на овој меч.

„Ова е скандал. Ова не смее да се случува во 21.век. Нивната постапка е нелегална и неморална. Јасно е дека тие само сакаат да го спречат нашиот играч да игра на натпреварот со Олимпија“, истакнаа од Фенербахче.

- Реклама -