Бритни… или ти е срцка, или не можеш да ја свариш. Ама барем досега немаме чуено дека на некој му е омилен сликар.
А сепак, на една неодамнешна аукција, успеа да продаде пар нацртани цветови со водени бои за 10.000 долари. Додуша, аукцијата беше наменета за помош на блиските на загинатите во оружениот напад во Лас Вегас.
Купувачот е ова перверзно старче (се вика Робин Лич, позната фаца од популарна американска ТВ серија од пред 20 години).
Зошто спомнавме перверзно? Може е само до нас, ама сé си мислиме дека можеби има врска со начинот на кој Бритни ја промовираше сликата.
Sometimes you just gotta play!!!!!! 🤓😜💋💅🏻👩🎨🎨👯👗👛👒👠🦄🦋🐠🌹💥💥 pic.twitter.com/T3ne9oCZyc
— Britney Spears (@britneyspears) October 13, 2017
PS. Aко дедово искрено немал задни намери и дал 10.000 за ова на Бритни, замислете колку ќе плател за делата на нашата Сузе Турунџиева, која незаслужено ја споредуваат со некојси таму Пикасо (слика во прилог).
PS². Сепак најдовме и такви на кои Бритни им е омилена сликарка.
PS³: Ако ви се чита и за други слични маестрални ликовни достигнувања за кои се фрлени грдни пари (а не биле ни за хуманитарни цели), кликнете ТУКА.