Во текот на 20 години Кат О’Саливан се занимава со ревитализација и рециклирање на стара облека и предмети.
„Се чини дека сè што ќе ми падне во рацете, завршува насликано во милиони бои”, вели таа.
И ова тврдење се докажува како вистина, кога сликарката решава да купи куќа во државата Њујорк, изградена во 1840 година.
„Само ми се виде симпатична”, објаснува Саливан, „Ова е тип на куќа, покрај која што можеш да поминеш и да обрнеш внимание. ”
Штом сепак паднал во рацете на сликарката и нејзиниот „креативен хаос”, домот брзо започнал да се менува. Откако поминала низ својата локална продавница за бои, побарала да и дадат „по една од сите”.
Саливан поминала безброј часови во сликарството и освежување на домот, додека не заличел на креативно катче со чудно обликувани прозорци, очи и голема уста.
Погледнете…