Адел насликана со свеќи (видео)

Хонг Ји, прекрасниот уметник кој може да создаде неверојатни ремек дела со секојдневни предмети како книги, кафе и топки за кошарка повторно создава на уникатен начин.

Овој пат таа решила да создаде портрет на Адел користејќи свеќи. Кого му се потребни четки и боја кога имате жежок восок, нели? Портретот е дел од проект во четири делови инспириран од основните елементи, оган, воздух, вода и земја.

{youtube}LdUDk5M_dws{/youtube}

„За планирање на овој портрет ми беа потребни околу 2 недели – една недела ги барав идеалните материјали и уште една недела за да најдам начин како да користам жежок восок како „боја“. За завршување на портретот ми беа потребни околу 7 часа и околу 1500 свеќи.“ Таа вели дека изгорела еден прст но тоа е само мала жртва.

- Реклама -