Сликање и медитација со Лида Шерафатманд

Во вторник на 21 мај од 18:00 до 20:00 часот во Еurope House Struga, ќе се одржи работилницата-Фузија на уметноста и медитацијата во Europe House Struga, под водство на светската уметница Лида Шерафатманд , која е пионер во уметничкиот стил познат како „Флоресценцизам“. Работилницата ќе биде збогатена со медитација, преку која уметницата ќе истакне спојот на личната духовност и уметничкиот израз. Темата на сликање ќе биде „Крилја од пеперутка” како симбол на трансфомрација, која ќе ја поврзе медитацијата со личната трансформација на присутните. 

Сите материјали за работа ќе бидат обезбедени од Paint and wine Ohrid.

Работилницата може да вкличи најмногу 10 лица, а пријавувањето е на принцип „прв дојден-прв услужен”.

Еurope House Struga ги поканува сите заинтересирани да се пријавите што поскоро, за да го обезбедат своето место на настанот.

- Реклама -