Денот на народното востание – 11 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, овој празник е неработен согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07).
Со оглед дека се паѓа во петок, викендов што следува ќе биде продолжен.
Од ресорното министерство им го честитаат празникот на сите граѓани.