Следните две години ќе бидат најтоплите во историјата

Следните две години може да бидат најжешките во историјата на глобално ниво, покажува истражувањето на Метеоролошката служба на Велика Британија.

Истражувањето предупредува дека би можелe да се случат големи климатски промени, како и зголемување на влијанието на стакленичките гасови врз природните климатски процеси, пренесе ББС.

Дополнително влијание врз зголемената температура оваа година ќе има и поради особено силниот феномен „Ел Нињо“ во Тихиот Океан. Во исто време летните сезони во Европа може да се студени во одреден период, додека остатокот од светот се затоплува.

Научниците потврдуваат дека во 2015 година просечната температура на површината на Земјата била на или блиску до рекордни нивоа (0.68C над просекот за периодот 1961 година – 1990 година).

„Знаеме дека некои природни процеси придонесуваат за глобалните температури во дадена година, но особено високите температури досега оваа година го покажуваат трајното влијание на стакленичките гасови, кои се резултат на човечка активност”, изјави директорот на Метеоролошката служба Стивен Белчар.

goreshtini

„Освен ако нема голема вулканска ерупција, многу веројатно е дека во светот – 2014 година, 2015 година и 2016 година ќе бидат меѓу најтоплите години во историјата. Ова не е случајност. Сведоци сме на влијанието на енергијата, која постојано се акумулира во океаните и атмосферата на Земјата поради стакленичките гасови “, дополнува Роуан Сатон од Метеоролошката служба.

Два трендови кои влијаат на климата, се наоѓаат во Пацификот. Едниот од нив е климатскиот феномен “Ел Нињо”, повторувачки процес на околу пет години, што предизвикува поројни дождови таму каде што обично има суша, и суша таму каде што нормално има врнежи.

Оваа година се очекува “Ел Нињо” да биде особено силен, слично на оној во 1998 година. Можно е да се зголеми ризикот од суша во Јужна Африка, Источна Азија и Филипините, како и да има поплави во Јужна Америка.

“Ел Нињо” исто така може да донесе повисоки врнежи, а понекогаш и поплави во Африка и суви услови во Јужна Африка. Феноменот ги надмина значително нормите и во 1972-1973, како и една деценија подоцна во 1982-1983 година. Единствената добра последица може да е крајот на 4-годишната суша во Калифорнија.

Втората промена ќе се случи кај десетгодишниот температурен циклус во северниот Тихи Океан. Во последната деценија тој забележа во постудена фаза и тоа го забави порастот на просечната температура. Сега влегува во топлата фаза, што ќе доведе до затоплување. Овие два настани кои ќе доведат до затоплување, ќе бидат делумно компензирани со температурниот модел на Атлантскиот Океан, кој што влегува во студена фаза. Тоа може да доведе и до обновувањето на мразот во блиските региони.

hot-dog-ice

Она што научниците можат да го кажат во моментов е дека промените на Атлантикот најверојатно ќе доведат до студени и суви лета во Европа за една деценија, но тие не се сигурни чие влијание ќе надвладее – на Тихиот Океан или на Атлантикот .

Метеоролошката служба е особено претпазлива во долгорочните прогнози, откако беше остро критикувана во минатото, кога ни беа познати уште помалку информации за природните процеси во океаните.

Според научниците немало реално запирање на затоплувањето на Земјата во последните години, бидејќи океаните продолжуваат да се затоплуваат, а мразот продолжува да се топи.

- Реклама -