Следниот вторник е неработен за сите граѓани

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, следниот вторник, 4 јуни 2019-та година, е неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

На 4 јуни во вторник граѓаните од муслиманска вероисповед го слават првиот ден на Рамазан Бајрам. Министерството воедно им го честита празникот.

 

- Реклама -