Телевизиската водителка Опра Винфри „активно размислува“ да се кандидира на претседателските избори во САД во 2020-та година, пренесува CNN повикувајќи се на „двајца нејзини блиски пријатели“.
Разговорот со CNN следува откако Опра одржа „исклучителен говор“ на Златните глобуси, кој ги подгреа шпекулациите за нејзината кандидатура. „Пријателите“ барале да останат анонимни за да можат „отворено да зборуваат“.
Според нив, дел од пријателите на Опра приватно ја убедуваат да се вклучи во трката за претседател. Според сознанијата на CNN, таквите инсистирања траат веќе неколку месеци. Опра, наводно, досега нема одлучено дали ќе ги послуша.
Во продолжение следува говорот што во главата на просечниот Американец ja врежа идејата дека Опра е правиот кандидат за претседател на најмоќната земја во светот.