Откако со години рускиот фотограф Мурад Осман воден за рака од убавата девојка Наталија Закхарова го обиколуваше светот и го запечати секое едно прекрасно катче, на кое и двајцата се наоѓаат – од Лондон во Сингапур и Хонгконг дури до Бали, во форма на интересен проект, наречен “следи ме”, двојката конечно реши да стане брачен пар.
Прекрасната свадбена церемонија се случувала во Москва, каде Мурад и Наталија во свој стил си рекле „Да“ и повторно решиле да го споделат моментот со сиот свет.
Суптилната венчавка сосема лигично била проследена со спектакуларно свадбено патување, детално документирано во најновата серија фотографии на “следи ме” стилот.
Првата станица на свадбеното патување бил Лас Вегас, каде младите вљубени се сместиле во луксузниот хотел Bellagio. Потоа двајцата се упатиле кон Малдивите – егзотична дестинација, покриена со бел песок, која ја искористиле како совршена подлога за нови фотографии.
Тие овој проект го започнале како од шега, а веќе станаа пример за комбинација на љубовта кон партнерот, фотографијата и патувањата .