Една австралиска владина организација почна проект со кој сака да им покаже на луѓето колку се всушност „активни“ нивните миленици. За следење на нивното движење се послужиле со GPS предаватели.
Но зошто владина организација би спроведувала ваков забавен проект? Целта е друга. Во Австралија мачките се сметаат за инвазивен животински вид (ги има премногу), и можат да имаат катастрофален ефект врз локалниот животен свет.
Владата, од една страна, ги повикува сопствениците да не ги пуштаат своите мачки да поминуваат многу време надвор „на слобода“, за да се намали таквиот ефект. Сопствениците, од своја страна, не веруваат дека нивните миленици шпартаат наоколу колку што тврдат властите и еколозите.
Или подобро речено – не веруваА, додека проектов не им покажа што всушност се случува. Мачките шпартаат, и тоа како.