Омилените филмски и телевизиски ликови ќе ви станат уште толку посимпатични откако ќе дознаете која е инспирацијата што лежи зад нивното постоење, поточно кои се историските личности на кои се базирани.
Шрек е професионалниот борач Морис Тилет
Овој спортист бил роден со ретка генетска болест наречена акромегалија, на што и се должи неговиот необичен изглед.
Бивес и Батхед се професори
Мајк Џаџ, креаторот на овој култен анимиран филм, го базирал изгледот на двајцата главни ликови на двајца од неговите професори на универзитетот Калифорнија во Сан Диего.
Џокер е „Човекот кој се смее“
Најголемиот противник на Бетмен му го должи својот изглед на филмот од 1928 година насловен „Човекот кој се смее“, поточно на актерот кој го играл тој човек.
Квазимодо бил скулптор
Ѕвонарот од Богородичната црква е базиран на изгледот на еден скулптор кој работел на капелата, некаде во 19 век.
Мечето Вини живеело во зоолошката градина во Лондон
Ова слатко мало мече во реалноста било црно, се викало Винипег и било жител на лондонската зоолошка градина.
Доктор Егмен бил американски претседател
Креаторите на Соник го базирале ликот на доктор Егмен на американскиот претседател Теодор Рузвелт, во комбинација со јајце.
Големиот Лебовски е политички активист
Инспирацијата за ликот кој го портретираше Џеф Бриџес е продуцентот и политички активист Џеф Дауд.
Патрик Бејтмен е Том Круз
Кристијан Бејл изјавил дека инспирацијата за улогата на Бејтмен во „Американски психо“ му бил Том Круз. Брет Естон Елис, писателот на книгата, исто така рекол дека имал одредено влијание од Том Круз при пишувањето.
Вујко Сем бил месар
Американската икона, Вујко Сем, е базирана на Семјуел Вилсон, месар кој во војната во 1812 година им продавал месо на војниците.
Норман Бејтс, Ледрфејс и Бафало Бил се еден ист сериски убиец
Овие познати филмски сериски убијци всушност се еден ист озлогласен убиец – Ед Гејн. Овој суров човек бил познат по тоа што убиените жртви ги сецкал на парчиња и чувал делови од нив насекаде низ својата фарма. Кога полицијата најпосле влегла на фармата, меѓу другото биле пронајдени: четири носеви, девет маски од човечка кожа, ламба направена од човечко лице и ремен направен од женски брадавици.