Славни личности составени од копчиња од тастатури

На уметникот WBK му недостига времето кога гаџетите имаа копчиња па затоа ги создал овие слики на познати личности со дигитални копчиња од тастатури.

„Мојата младост помина без компјутери или мобилни телефони. Начинот на кој тие стануваат клучен дел од нашиот живот се чини многу лесен. Но сега кога нашиот свет станува зависен од тачскрин технологија едноставно ми недостигаат копчињата кои ги притискав.“

Копчињата се составени дигитално за создавање на овие слики на славни личности. Иако често луѓето ги помешуваат со тродимензионални скулптури WBK вели дека неговите дела постојат само во електронска форма.

 

- Реклама -