Славни личности со кои се збогувавме во 2023 година

Како што годината се приближува кон крајот,време е да оддаме почит и внимание на оние личности што ги загубивме во последните 12 месеци.

Музичките икони како Тина Тарнер,Бурт Бакарач и Шинејд О’Конор се меѓу познатите лица кои за жал починаа во 2023 година,заедно со ѕвездите на сцената и екраните како Ракел Велч,Метју Пери и Сер Мајкл Гамбон и спортските легенди Сер Боби Чарлтон,Тери Венеблс и Џанлука Вијали.

Меѓу другите познати личности кои починаа оваа година се Пол О’Грејди и Бери Хемфрис,заедно со познати имиња од светот на политиката и бизнисот,како Мохамед Ал Фајед и Силвио Берлускони.

Како што доаѓа крајот на 2023 година,погледуваме наназад на животите и кариерите на дел од славните личности со кои се збогувавме оваа година.

Тина Тарнер

Кралицата на рокенролот,ѕвездата со најголема енергија на сцената и еден од најголемите гласови во последните неколку децении.

Таа се прослави во 1960-тите заедно со поранешниот сопруг Ајк Тарнер,со класиците River Deep, Mountain High,Proud Mary и Nutbush City Limits. По нивното разделување,таа проговори за семејното малтретирање кое го доживувала.

Нејзиното враќање како соло ѕвезда во 1980-тите,им го докажа спротивното на оние кои ѝ велеа дека како жена во нејзините 40-ти не може да успее како соло ѕвезда.Тогаш таа ги направи најголемите светски хитови: Private Dancer,We Don’t Need Another Hero,What’s Love Got To Do With It, и секако,најпознатата песна,The Best.

Таа почина на 83-годишна возраст во нејзиниот дом во Швајцарија.

Силвио Берлускони

Смртта на контроверзниот поранешен италијански премиер Силвио Берлускони стави крај на една од најконтроверзните политички кариери во последно време.

Познат по своите озлогласени „бунга бунга“ забави,86-годишниот сенатор и лидер на партијата Форца Италија се соочи со низа финансиски и секс скандали што го направија личност која предизвика различни мислења и реакции кај луѓето во модерна Италија.Секс забавите во кои учествуваа проститутки предизвикаа голем скандал во земјата.

Добро познат по својата дрскост,тој ја водеше Италија три пати од 1994-1995, 2001-2006 и 2008-2011 година,повлекувајќи се од премиерската функција за последен пат во 2011 година,бидејќи Италија беше блиску до должничка криза во стилот на Грција.

Тој починал откако добил белодробна инфекција поврзана со хронична леукемија.

Метју Пери

Метју Пери ја стекна светската слава со улогата на Чендлер Бинг во сит-комедијата „Пријатели“ од 1990-тите,заедно со Џенифер Анистон,Кортни Кокс, Мет Лебланк,Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Зад сцената,тој се бореше со зависноста, за која отворено зборуваше додека ги објавуваше своите мемоари „Пријатели,љубовници и големата страшна работа“ во 2022 година. Тој исто така работеше да им помогне на другите кои страдаат од слични проблеми.

„Кога ќе умрам,не сакам ,,Пријатели’’ да биде првото нешто по што ќе ме спомнуваат – сакам да им помагам на другите  и тоа да биде првото нешто што се споменува и ќе го живеам остатокот од мојот живот докажувајќи го тоа“ рече тој во интервју. „Зависноста е премногу моќна за некој да може сам да ја победи.Но заедно, еден ден во исто време, можеме да ја победиме’’

По неговата смрт на 54-годишна возраст,во негово име беше формирана фондација за „Почитување на неговото наследство“ и помагање на оние кои се борат со зависност.Неговите пет колеги од „Пријатели“ со заедничка објава му оддадоа почит, велејќи: „Ние бевме повеќе од обични пријатели. Ние сме семејство“.

Хенри Кисинџер

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер имаше големо влијание врз американската надворешна политика во време на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд.

Роден во Германија во 1923 година,тој избегал од нацистичкиот режим со своето семејство како тинејџер и се преселил во САД во 1938 година.

За време неговиот осумгодишен мандат како советник за национална безбедност и државен секретар,тој беше вклучен во големи надворешнополитички настани,вклучувајќи го првиот пример на „шатл дипломатија“ која бара мир на Блискиот исток,тајни преговори со Кина за одмрзнување на односите меѓу растечките светски сили и поттикнувањето на мировните преговори во Париз со кои се бара крај на Виетнамскиот конфликт.

Во 1973 година,тој беше награден со Нобеловата награда за мир за неговите напори да преговара за крај на Виетнамската војна. Кисинџер,заедно со претседателот Никсон,исто така ги поднесоа најголемиот дел од критиките од американските сојузници .

Тој почина на 100-годишна возраст во својот дом во Конектикат.

Извор : Celebrity deaths 2023: The famous faces and notable figures we said goodbye to this year | Ents & Arts News | Sky News

- Реклама -