Иако пејачката често пати може да се сретне како шета по улиците на Њујорк без придружба на обезбедување, се чини дека сега сепак ќе може помалку да се експонира.
Славната пејачка Ријана преку социјалните мрежи доби смртна закана. Личноста која себеси се нарекува Алекс Мерсер или Рајф Александар, на Твитер и Јаху објави пораки со вознемирувачка содржина.Сепак, се чини дека полицијата му ја фати трагата. Тие проверувале се, од разни профили на интернет, електронски пошти, мобилни телефони…
Уште не е познат човекот кој објави „селфи“ пред поранешниот дом на Ријана и покрај фотографијата напишал: „Требаше да ја убијам Ријана пред неколку минути а сега би бил во ред. Магијата е оружје, јас користам пиштоли, но за пиштол ми треба дозвола, не можам да користам раце“.
Како што објавува TMZ полицијата се обидува да го идентификува овој човек и да го затворат зад решетки, бидејуќи Ријана до тогаш не може да се чувствува сигурно.