Послужете ги драгите гости, засладете се или прелејте ги разните кремасти десерти, со домашно слатко од јагоди.
Состојки:
1 кг. јагоди
1.300 г. шеќер
сок од еден лимон
Подготовка:
Измијте ги добро јагодите и отстранете им ги дршките. Попрскајте ги со лимонов сок и наредете ги во длабока тепсија со шеќер.
Оставете ги да отстојат во текот на ноќта.
Утредента кратко варете без да ги допирате, тргнете ги од оган, почекајте да се оладат, па повторно вратете ги на шпорет.
Оставете да преноќат уште една вечер и утредента повторно ставете го слаткото да се вари, оладете и внимателно сипувајте во тегли.
Напомена: Можете да додадете и гранче од ванила за уште поубава арома.