Возрасните личности кои конзумираат само една лименка (од 340 ml) зашеќерен газиран сок дневно, го зголемуваат ризикот од заболување од дијабетес за повеќе од петина, односно за 22%, во однос на оние кои таквиот пијалок го конзумираат само еднаш неделно или уште поретко, беше утврдено при едно големо европско истражување.
Испитувањето беше направено врз дури 350.000 луѓе во осум земји од ЕУ, известува Ројтерс.
„Со обзир на порастот на конзумирањето на засладени газирани пијалоци во Европа, населението доби јасна порака за нездравите ефекти од напитоците“, истакнува лидерот на студиите, Дора Ромагер од лондонскиот колеџ „Империјал“.
Европскиот тим подвлекува дека редовното конзумирање на овошни сокови не го зголемува ризикот од дијабетес.