Слаткар ќе прави свадба во септември

Слаткар официјално ја запроси  Сања Николиќ на крајот на 2013-та година, но сега за прв пат откриваат кога ја планираат нивната венчавка.

Засега истата не се случила, но затоа септември ќе биде нивниот месец.

– Кум ќе ни биде Мартин, кој е долгогодишен пријател на Марко и се заедно уште од деца, а старосватица ќе биде мојата најдобра другарка, открива Сања за Вечер.

Тие, како што вели Сања, наскоро ќе започнат со подготовките.

- Реклама -