Home Астал Сланината мириса проклето добро

Сланината мириса проклето добро

0

Нема ништо поубаво од крцкава сланина во студено зимско утро, но и лесно летно попладне…Дали е поради мирисот или вкусот, безразлика ретко кој може да и одолее. Но, сте се запрашале ли некогаш зошто баш сланината мириса толку добро?

Поради некои работи едноставно вреди да се живее, а сланината е во првите пет на тој список, барем тоа го тврдат сите нејзини„фанови“.

Научниците долго време се занимавале со мистеријата на нејзиниот мирис. И еве што заклучиле: Феноменалната арома доаѓа од 150 органски соединенија. Топлината кај маста, амино киселината и шеќерот предизвикуваат реакции кои создаваат одредени молекули, а потоа и таа неодолива арома. Иако голем дел од овие соединенија мирисаат убаво и поединечно, вистинското уживање се случува кога ќе се помешаат миризбите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here