Базата на овој сладолед е од кајсии, но што е она другото?
Најдобриот беломанастирски слаткар во Хрватска, Исмет Алија овој сладолед не го продава на помлади од 18 години, а на постарите им препорачува да не јадат повеќе од 2 топки, особено на возачите.
„Базата е кајсија, а во него има и ракија“, раскажува Исмет.
Тој долго размислувал, како да го реши проблемот при производството на сладолед од ракија, а тоа е смрзнувањето на ракијата. Сепак, кога успеал да дојде до решението, го реализирал својот проект и го пуштил во продажба.
„ Секоја година се трудам да имам нешто ново. Последните две години ставив акцент на тоа да ги привлекувам родителите кои доаѓаат заедно со своите деца во слаткарницата. Со сладолед од круши, кајсии и кајсијовача имам конечно понуда и за нив“, раскажува Исо, кој освен алкохолен, направил и сладолед од сирење, но и од пуканки.
Дневно прави само 4 до 5 литри сладолед од ракија од кајсии. За него приказната со сладоледите од алкохол е врвна забава.
„ Кога ќе почувствувам дека запаѓам во рутина, морам да направам нешто ново. Обожавам да гледам како муштериите заминуваат насмеани, но не и пијани“, вели Исо.