Хамбургерот и сладоледот можат да ни го контролираат мозокот, тврдат американските научници. Тие велат дека маснотиите кои доаѓаат од овие две намирници одат директно во мозокот.
Кога овие масти ќе дојдат до мозокот тие го „наведуваат“ мозокот да прати сигнал до останатите телесни клетки да ги игнорираат хормоните лептин и инсулин. Овие хормони се важни за нашето тело. Освен останатите функции, овие хормони се викаат уште и хормони заштитници од зголемена телесна тежина бидејќи го тераат телото да каже доста на јадењето.
Но, и самите сме свесни дека често не можеме да кажеме доста на јадењето, особено не кога јадеме хамбургер или сладолед …
Додека ги јадете овие намирници или некои слични на нив, мозокот е зафатен „уживајќи“ во масните киселини а телото ги игнорира гореспоменатите хормони и се прејадувате.
Научниците велат дека нивното истражување ќе помогне многу за креирање на понатамошните диети и дека нема да се фаворизира премногу внесување на незаситени масни киселини, бидејќи тие всушност го стимулираат апетитот.
Објавено во соработка со За Здравје.