По осумгодишна пауза, групата Skunk Anansie во 2009 година се врати на сцената, а сега најавува нов албум, насловен Black Traffic. Албумот е првиот независен носач на звук на бендот, објавен под нивната етикета.
Black Traffic е нивен петти албум, а ќе биде пуштен во продажба на 17 септември. Албумот е снимен во Лондон, а го продуцирал Крис Шелдон, познат по неговата работа со Foo Fighters и Pixies.
Пејачката Скин објаснила дека бендот со години се обидувал да ја контролира својата судбина. Додека продавачите на црни вести лелекаат за судбината на музичката индустрија, тоа за нас е позитивна шанса за реизмислување на начините на кои делуваме и за преземање на контролата на нашата уметност.
{youtube}RctAgyp5K4Y{/youtube}