Скржавецот Кеба не дава пари за дијамант

По долгата потрага, семејството Којиќ се одлучија за прстен од бело знало кој чини 80.000 динари.
Драган Којиќ Кеба често пати го нарекуваат скржавец, но никој не очекуваше дека ќе штеди на идната снаа Северина Вучковиќ. Иако на свадбата само од бакшиш се зараборува неколку илјади евра, „дедо Кеба“, како што милува да го нарекува Севе, не сака да купи дијамантски прстен со кој неговиот син Игор ќе ја запроси пејачката.

Screenshot_2

– Игор и Кеба заедно ги посетоа белградските златари, а во една најдоа прстенот кој најмногу им се допадна на двајцата. Кеба ги замоли продавачите да им покажат прстени од бело злато, а неговиот син инсистираше на тоа прстенот да биде со бисер. Беа воодушевени од изборот на таков накит, а на Кеба најмногу му се допадна еден што чини 80.000 динари. По десет минути решија да го купат- вели извор за „Blic“ од една белградска златара.

Screenshot_3

Хрватската поп пејачка повеќе пати има носено веренички прстен, но ниту еден не бил волку скромен, а додека беше во врска со бизнисменот Милан Поповиќ не го криеше прстенот од дијамант и еден поголем смарагд. Северина во меѓувреме се промени, па сега ги преферира духовните работи отколку материјалните.

- Реклама -