Скриената уметност на обележувањето на улиците

Screen-Shot-2016-04-12-at-18.28.21-1200x640[1]

Еден фин и краток видео профил на Томас Лајли – „роудлајнер“ од Глазгов. Тој е еден од оние луѓе задолжени за цртање на сите оние сообраќајни ознаки на улиците, а со тоа е и прав маестро на уличната типографија со стопена термопластика.

Лајли работи како роудлајнер скоро 18 години, од своја 16-та. Брз е, прецизен е, а сé тоа со слободна рака. Всушност, целата таа процедура е еден вид уметнички танц: во кој Лајли црта со нешто што наликува на стап со отвор на крајот; во кој неговиот колега беспрекорно ја истура бојата во тој мал отвор на инструментот на Лајли; во кој и двајцата беспрекорно се движат меѓу веќе исцртаните линии без да ги нагазат.

Сумирано, обележувањето на улиците е прекрасен процес на координација, кој обичниот човек пропушта да го цени токму затоа што овие скриени уметници го прават толку добро, што изгледа крајно едноставно и лесно. Лајли го сака и заради некои други причини, како на пример затоа што секогаш патува на нови места, или затоа што често поминува крај ознаките со мислата „Јас го направив ова“. Ќе ви ја каже неговата приказна (на шкотски акцент) во следното видео:

Ова во продолжение подеднакво добро ја доловува суштината:

- Реклама -