Скорсезе (81) има освоено повеќе Оскари за најдобар режисер од кој било друг жив режисер, а најпознат е по филмовите Raging Bull, Goodfellas, Gangs Of New York, The Irishman, Cape Fear, The Wolf Of Wall Street, Mean Streets, The Departed и Killers Of The Flower Moon.
Американскиот режисер со италијански корени изјави дека чувствува дека може да „открие нешто непознато за публиката“ и дека е „благодарен на Сицилија и на Сицилијанците за пречекот што му го приредија“ за време на снимањето на документарниот филм за антички грчки и римски урнатини.
Скорсезе на 7 и 8 октомври ќе престојува во Торино каде ќе му биде врачена награда од Музејот на италијанската кинематографија, каде што ќе одржи и предавање.
Тој рече дека се согласува со мислењето на подводниот археолог Лиза Бригс, која му помага во снимањето на документарниот филм: „Овој проект без сомнение немаше да биде возможен без неверојатната помош на Сицилијанците.“
„Трогнати сме од пречекот на овие прекрасни луѓе“ рече тој.
Скорсезе има длабока врска со Сицилија, а за време на снимањето на филмот повторно ќе се потсети на своите корени. Неговите родители се по потекло од место во околината на Палермо.
Документарниот филм кој допрва треба да добие наслов ќе се базира на истражувањето на американскиот подводен археолог, професорката Лиза Бригс од Универзитетот Кранфилд во Велика Британија.
Иако целиот проект е обвиткан во тајност, нема сомнеж дека допирот на Скорсезе ќе вдахне нов живот на потонатите бродови и ќе ја зголеми популарноста на нуркањето во Медитеранот.
Во центарот на филмот се антички бродови, поморски бродови и потонати бродови кои зад себе оставиле не само непроценливи богатства во форма на нивниот товар, туку и информации за настани од антиката и претходните периоди на историјата.
Филмот е продуциран од продуцентската куќа на Скорсезе во соработка со партнери од неговите неодамнешни играни проекти.
Дистрибутерот сè уште не е познат, иако The Irishman е направен во партнерство со Netflix, а Killers of the Flower Moon е направен во партнерство со Apple.
Извор: ХРТ