Скопското инди – рок трио со нов сингл по петгодишна пауза

Скопското инди-рок трио Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на Шарла Рекордс. „Тажен понеделник” е снимена во студио Алшар, во период мај-јуни 2024 година.  Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на Милко, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал,  Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини – тапани и Владимир Бичковски –  сајзери.

- Реклама -