Скопски угостител: Нема да ги отпуштам моите вработени, по цена и да пропаднам …

Со новонастанатата ситуација во светот а и кај нас, голем дел од угостителските работници останаа без работа, откако со засилените мерки беа затворени сите угостителски објекти.

Сопственикот на ресторанот „Мал Алтан“ на влезот на старата скопска чаршија, Горан Блажевски направи потег за почит, откако соопшти дека нема да ги отпушти неговите вработени, па дури и по цена бизнисот да му колабира. Како што вели знае како е да се нема и се ќе дели на пола.

„Јас, Горан Блажевски, сопственик на „Мал Алтан“, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам а посебно пошто знам како е да немаш и така да, ако треба, ќе делам на пола. Моите вработени ќе имаат поддршка целосна од мене и мојата фамилија“, напиша тој на својот профил.

- Реклама -