Скопски Џез Фестивал 2008

24600944gz0pp.jpg Годинешното издание на „Скопски
џез-фестивал“ ќе се одржи од 17 до 21 октомври, а во неговите рамки се
предвидени 14 концерти на три различни локации: „Универзална сала“,
Салонот на МОБ и клубот „Хардрок“. Честа да го отвори популарниот
скопски фестивал му припадна на авангардниот кантавтор и
инструменталист Раби Абу- Калил кој од 20.30 часот на сцената во
„Универзална“ ќе музицира со Македонската филхармонија, а потоа
забавата од 24 часот се сели во клубот „Хардрок“ каде што ќе настапат
Џејсон Моранд и составот „Бендвагон“.

24600944gz0.jpgГодинешното издание на „Скопски

Втората фестивалска вечер (18
октомври) е резервирана за Маркос Вале и Ванда Са, кои во „Универзална
сала“ ќе одржат концерт по повод 50- годишнината од босанова-музиката
која ќе биде комплетирана со проектот на бразилецот Марчи Фарачо.
Истата вечер во „Хардрок“ ќе настапат милениците на македонската
публика, групата „Зуко 103“.

Третата вечер од „Скопски џез-фестивал“ е
исто така тематска, посветена на норвешкиот џез, чии репрезенти, Буг
Веселтоф и „Карл Сеглем квинтет“, ќе музицираат во Салонот на МОБ од 20
часот, а на полноќ Веселтоф ќе биде гостин на составот „Мунголиан џет
сет“ во клубот „Хардрок“.

Легендата на светскиот џез, басистот Рон
Картер, гостува на претпоследната вечер од фестивалот. Кантавторот кој
во 1960-тите години свиреше во легендарниот квинтет на како Мајлс
Дејвис, со Херби Хенкок, Тони Вилијамс и со Вејн Шортер, на 20 октомври
заедно со својот квартет во МОБ ќе го претстави проектот „Деар Милес“.
Публиката истата вечер ќе ја забавува и „Франческо Кафиско квартет“ во
клубот „Храдрок“.

Фестивалот ќе се затвори со настапот на светски
познатиот тапанар Ману Каче кој во својата богата неколку децениска
кариера соработуваше со музичари како Стинг, Ману Чао и Питер Габриел.
На настапот во МОБ легендарниот инструменталист ќе го промовира
материјалот од неговиот актуелен албум „Плејграунд“. Конечната програма
ќе ја заокружат Џастин Адамс и „Џулдех Камара трио“ чијшто настап е
закажан точно на полноќ во скопскиот клуб „Хардрок“. Претстојното
издание на „Скопски џез-фестивал“ ќе трае пет дена и, како и секоја
година, изобилува со стилска шареноликост, за сите музички сладокусци,
љубители на светскиот џез-звук. [виа Време]

[Веб-страницата на Скопски Џез Фестивал]

- Реклама -