“Скопска Игранка” во Лабораториум

Во понеделник на 29 јули од 20:00 часот, сите танчери, љубители на македонски евергрини и носталгичари ќе можат да се забавуваат на ретро “Скопска Игранка” во Лабораториум.

,,Се враќаме на старите добри денови слушајќи добра музика и играјќи. Добропознатите твист, чарлстон и валц повторно ќе ги заиграме во нашата свежа хала.Поканете партнер на рандеву или добро друштво, облечете си ги вашите чевлички за танцување и загрејте се за една забавна понеделничка вечер.Се гледаме во хала, додека Скопје ВИБРИРА – поралуваат од Лабораториум.

- Реклама -