Скопска гинекологија доби нова директорка, на местото на Јовановска доаѓа Алексиоска-Папестиев

Министерот за здравство Арбен Таравари неколку дена отккао ја презеде функција, разреши осум економски директори на клиниките, кои се водат како вршители на должност

Ирена Алексиоска-Папестиев е новата директрока на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. Таа доаѓа на местото на Викторија Јовановска, која со оваа клиника раководеше речиси седум години.

Во 2006 година го завршила Медицинскиот факултет при Универзитеето „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а специјализација по гинеколигија и акушерство завршила во 2012 година. На ГАК работи од 2007 година.

Изминатиот период била избрана и за професор на Медицинскиот факултет.

Во текот на наредната недела се очекува да се знаат сите директори на скопските клиники.

Министерот за здравство Арбен таравари неколку дена отккао ја презеде функција, разреши осум економски директори на клиниките, кои се водат како вршители на должност.

Таравари пред изборот на новата Влада, најави дека како министер за здравство штом ја презеде функцијата, ќе се заложи за разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог-измени на законот за веќе да не постојат економски директори.

- Реклама -