„Скопје вибрира” во организација на „Лабораториум„ и „Лаб дизајн маркет”

„Лабораториум„ и „Лаб дизајн маркет” ја покануваат скопската публика на настанот „Скопје вибрира” која ќе биде отворенана во мултимедијалниот центар Лабораториум од 23 јули до први август.

Во изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа. Настанот ќе им даде можност за презенатција на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности.

- Реклама -