Скопје секоja зимa гори по едно Водно

Гробот на Скопје ✞

Според директорката на УНДП за Македонија – Луиза Винтон, во текот на една грејна сезона во Скопје се користат 317.000 тони дрва.

Толку вкупно дрва има Водно. Значи толку вкупно шумска површина се сече во другите делови на Македонија за да можат скопјани да се згреат во само една година.

„Следната сезона ќе се исече уште едно Водно, и тоа ќе продолжи и во наредните години, ако не се преземат мерки“, рече Винтон.

Според податоците од новата студија што ја изработи Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), презентирана на координативниот состанок за загадувањето што се одржа во Клубот на пратениците, дури 45 отсто од домаќинствата во градот се греат на огревно дрво, 30 осто на електрична енергија, а само 21 отсто се приклучени на парно.

За мерките и предлозите дочитајте на Макфакс.

 

 

- Реклама -