Скопје од едно време кое не се памети (Галерија)

„Пропатував низ цела Румелија сиве овие години, видов многу прекрасни градови благословени од Бога, но ниту еден од нив не ме импресионираше со својата убавина како рајскиот град Усќуп низ кој тече реката Вардар.“

Со овие зборови, напишани пред 350 и кусур години, турскиот писател Дулгар Деде го опишал Скопје, воодушевен од неговиот изглед во средината на 17 век.

Дури и австрискиот генерал Пиколомини, човекот кој во 1689 наредил да се запали Скопје по што до темел изгорело, непосредно пред пожарот напишал:

„Скопје е простран град, не многу помал од Прага или колку неа. Го најдов напуштен, без скапоцености, богато снабден со продукти. Малкуте луѓе што останале, исплашено врват по улиците. Жал ми е што зградите, какви што досега не сум видел, џамиите од најубав мермер и украси од злато на кои и во Рим би им посветил внимание, убавите старини и градини, морам да му ги предадам на пламенот.“

Денес Скопје можеби и не е најубавиот град во светот, веројатно никогаш не ни бил, но отсекогаш носело некој чуден дух кој тежи од минатото, а плени. Во галеријата подолу, ви го покажуваме старо Скопје, град чие лице денес е непрепознатливо.

- Реклама -