Skopje FF: Супер тајм-лапс видео за Скопје

SKFF2

Видеово прв пат го видовме на неодамнешната вечер на аматерскиот филм што се одржа во Кинотека на Република Македонија и бевме В О О Д У Ш Е В Е Н И!

Од некоја си глупа причина не се надевавме да го најдеме на Youtube, ама ете, некој ѓавол нé натера да пробаме и – види чудо: висок квалитет, највисока можна резолуција (4К) и одлична вожња. Дури и кичот ти иде да го засакаш!

Дело е на Горан Џамбазов, а за повеќе информации можете да ѕирнете во самиот опис на видеото.

- Реклама -