Вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција членови на независниот синдикат на полицијата од утрово протестираат во сите градови во земјава. Генералниот протест ќе се одржи во Скопје пред влада каде што ќе ги достават нивните барања до Владата поврзани со платите и лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.
Централниот протест во Скопје ќе биде поддржан од претставници на Словенија, Србија, Романија и на Бугарија.
За време на протестот кој почнува утрово а ќе трае до попладне ќе бидат блокирани повеќе сообраќајници во Скопје и низ земјава.
Коцевски потсетува на ветувањето дадено од Владата дека ќе добијат подобри услови за работа и повисоки плати, но како што вели, како синдикалци се соочувааат со невидени притисоци при барањето на синдикалните права.
„Не се бираат средства на кој начин ќе бидеме нападнати се со една цел да бидеме скршени, а вие да можете орото да го водите како вам ви одговара, а не како законот налага. Законски оствареното право го злоупотребивте, законски загарантираната репрезентативност не сакате да ја признаете иако, согласно законот, ваша должност е да не вклучите во сите работни групи и да ни ги израмните правата како и на оние другите кои до вчера ви беа непријатели или како милуваа да кажат некои од вас алатка на минатата власт за остварување на сите неправди кои за жал денес ви се најискрени пријатели”, изјави тогаш Коцевски.
Тој додаде дека и по три години владеење на оваа власт не е зголемена платата на дел од полицајците иако е најавено зголемување од 5 отсто во септември.
„Да му појаснам на македонскиот граѓанин. Обичен полициски службеник пожарникар има плата во износ од 22.000 со еден куп додатоци од кои најклучниот 30% додаток на плата за овластувањата кои ги има или 22.000 – 30%= 15.400 денари. Е сега ако од таа плата го извадите додатокот за храна и превоз кој изнесува околу 3.000 денари кој за жал законски не се исплатува во точниот износ туку паушално тоа така негде сте пресметале та вие та претходната власт исто доаѓаме до плата од 12.400 денари или кратко и јасно минимална плата на ниво на државата “, рече Коцевски.
Тој изрази разочарување од потценувачкиот однос на политичарите кон полицајците и ги повика да се стават на место на полицајците и да излезат еден месец со нив на терен, за да видат што значи и колкава е тежината на оваа професија.