Скопје активно се подготвува за најавеното невреме

Градот Скопје и Штабот за заштита и спасување на град Скопје се подготвени да се справат со последиците од невремето со обилни дождови што се најавува дека ќе ја зафати територијата на нашата земја во наредните денови.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје располага со соодветни материјално-технички средства и механизација, 50.000 вреќи со песок, камиони, багери, цистерни, пумпи за извлекување вода, чамци за спасување и друга опрема.

Доколку состојбата на терен се влоши и ги надмине постојните капацитети, ќе се вклучи и дополнителна механизација.

 

- Реклама -