Научниците откриле дека скокањето јаже во времетраење од 30 минути (10 минути во три наврати со пауза од 5 минути помеѓу вежби) може да создаде чувство на ситост и да ја потисне гладта.
Доброволци кои учествувале во новата јапонска студија постеле 12 часа, а потоа вежбале на различни начини (вклучително и возење велосипед). Скокањето со јаже се покажало како најефикасен начин за контрола на апетитот во наредните два часа после вежбањето.
Иако скокање преку јаже е популарна форма на рекреација и многу добар облик на аеробни вежби, сега е и научно докажано дека влијае на потиснување на гладот.
Истражувачите од Факултетот за спортски науки на Универзитетот Васеда во Јапонија сметаат дека скокањето освен што ги зајакнува мускулите и зглобовите, го поништува и гладот. Теоретизираат дека брзо скокање и паѓање и подигнувањето терет (сопственото тело), како и кај трчањето, влијае на дигестивниот тракт и најверојатно го попречува ослободувањето хормони кои го контролираат апетитот.
Резултатите, објавени во Апетит списанието, покажало дека мажите се помалку гладни по скокањето со јаже отколку по возење на велосипед. Секако, најголем глад чувствувале оние што не вежбале ништо.