На неверојатен начин фудбалерите на Шкендија го прокоцкаа водството од 0:1 што го имаа остварено со голот на Адријан Цуцули во почетните минути од мечот со Портадаун.
Потоа примија гол со акција од аут, а неверојатен е вториот гол, со удар речиси од центарот на игралиштето. Сето ова дава една нова димензија на поразот „два во еден“ против Портадаун.
Изненадувачки, тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, на реваншот со Портадаун на стадионот „Шамрок Парк“, шанса на голот му даде на Велији, наместо на засилувањето Трајче Ников, а токму тој беше директен виновник за вториот гол што го прими од центарот на теренот.