Арон Вини од Торонто – скејт ентузијаст и фотограф со истенчено око за автентични и недоволно истражени ситуации, во својата последна фото-серија се бави со еден забележителен проблем директно поврзан со скејт културата: погрешното претставување и незастапеноста на жените во магазините и спотовите со скејтбординг.
Вини забележува дека во многу од фото-есеите и модните едиторијали, скејтовите се користат како акцесоари. Со нив позираат моделки што блага врска немаат со скејтбордингот, или уште полошо, скејтот е зафрлен во некое ќоше од кадарот, чисто како позадински детал.
„Сакав да го покажам контрастот – и најдов девојки што навистина возат скејт. Пораснав возејќи скејт и листајќи списанија за скејбординг. Отсекогаш сум го забележувал тоа отсуство на жените во нив“.
И така, Арон почнува да лута по Торонто и да ги документира девојките што владеат низ локалните скејт паркови.