Чарлс Крафт е уметник од Сиетл кој работи со керамика. Неговото најново дело е скејтборд целосно направен од порцелан. Скејтбордот, кој е рачно обоен, е во природна големина, што значи дека барем во теорија може да функционира како вистински скејтборд.
Ова не е првото вакво дело на Крафт. Неговата кариера е во нагорна линија откако, по неколку години поминати како малку познат сликар и писател, тој посетил курс за керамика. Тој оттогаш произведува комеморативни чинии, и далеку поуникатни дела, како овој скејтборд. Меѓу неговите оригинални креации се рачно обоените пиштоли, автоматски пушки и гранати, како и чајник обликуван како главата на Хитлер.