Скарлет Јохансон се омажила во тајност

Актерката Скарлет Јохансон стана мета на гласини дека се омажила за францускиот новинар Ромен Дориак на тајна церемонија откако ја роди ќерката Роуз во септември.

„Скарлет и Ромен се венчаа во присуство на многу малку луѓе по раѓањето на нивната ќерка. Свадбата  беше чувана во голема тајна, бидејќи не сакаа да им попречи никој”, тврди извор на весникот” Њујорк Пост “.

Двајцата ги предизвикаа гласините за брак минатиот месец, кога Скарлет беше забележана како носи златен венчален прстен. Иако тие не потврдиле дали се во брак или не, се смета дека церемонијата не се одржала во Париз, туку на тајно место во САД. Врската на актерката и новинарот датира од 2012 година.

Неодамна таа сподели дека „не брза” да се омажи и сака да ужива во тоа да биде свршена.

scarlett-johansson-gets-engaged-to-romain-dauriac

- Реклама -