Благодарение на истражувањето на еден произведувач на долна облека, добивме листа на најидеална жена во светот.
Според старите грчки „Златни правила“, Скарлет Јохансон има најсовршена фигура во светот. Античките Грци тврделе дека пропорциите се идеални не само за женската фигура, туки и за сите работи кои тежнеат кон совршенство.
Мерката на градите, половината и колковита на оваа филмска дива покажуваат дека навистина е речиси совршена, дури 96,4 проценти. Скарлет на тој начин ја надмина Ким Кардашијан која се наоѓа на второто место со 96,3 проценти на идеална линија.
Она што е интересно е фактот што третото место на оваа листа не го зема некоја млада манекенка туку славната 69-годишна актерка Хелен Мирен. Таа со 95,6 проценти совршени пропорции зад себе ги стави Мерилин Монро и Рита Ора!