Скарлет блесна во креација на Зухар Мурад

По повод гламурозната церемонија во Лос Анџелес беа доделени 24-те филмски награди MTV.

Вниманието на фоторепортерите повторно го привлече новопечената мајка Скарлет Јохансон, која се појави облечена во розев комбинезон на дизајнерот Зухар Мурад.

Уште еден доказ дека не мора да се биде облечен во свечена тоалета, за да се привлече светското внимание.

Фризурата на актерката потсетува на актуелниот тренд што го донесе „првата дама“ во серијата „Куќа од карти“.

Водителка на церемонијата беше комичарката Ејми Шумер.

scarlett-johansson-2015mtvmovieawards

- Реклама -